вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 54

Отворено писмо до Зоран Заев (2): Новинарите се дел од играта, ама никако и игра

Сакате да зборите за реформи во медиумите, тогаш почнете да размислувате. Неможе да настапувате во јавноста со изрази: „Ние ќе ги реформираме медиумите со реформи кои се толку реформистички што дефинитивно ќе извршат реформирање во стандардите“

viktor_grozdanov1

Виктор Грозданов

Уште одма најава за третото писмо кое ќе го посветам на прислушкувањето, техничките можности и сите манипулации од страна на разузнавачката служба на република српска енклава Македонија, како и на сите оние кои не мислиме како СДСМ. И нормално Тито Петковски демократот, кој едвај чекам на 96 години да ни ја соопшти легендарната – „На младите останува светот“, дека една Државна секретарка во Министерството за Одбрана не му била блиска пријателка и дека нема поима што се тоа договори под назнака „Државна тајна“ и „Строго доверливо“, кои се многу важни при јавни набавки кои се прецизирани во членовите помеѓу 5 и 9.

Но, за тоа следната недела.

Ете конечно доживеав личен пријател да ме критикува јавно, односно да напише дека пишувам по нарачки, дека сум ја погрешил страната. Како тоа истиот пријател не ми напиша дека сум човек од збор кога молев токму за него по многу медиуми да не објавуваат дека е СДСМ-овски апаратчик вгнезден во медиумите. Или кога вршиме работа тогаш Ви чинам, а кога ќе се осети некој загрозен тогаш сум бил Стевчовист. ДА! Стевчо Јакимовски ми е пријател од 1996 година.

Еден мој поранешен работодавец, во дел на медиумите, ми ја има кажано најголемата филозофија – што е сопственик, а што е новинар:

„Во телевизија важат две правила. Прво ние последни си одиме зошто не не’ сметаат ни за живи твоите другари новинари, и второ мора да постапуваш новинарите да мислат дека е по нивно, а всушност да е по твое“.

Епа г-дине Заев знаеш ли што е разликата помеѓу тебе и Никола Груевски. Ти мислиш дека треба да се договориш со уредниците, а он се договара со сопствениците. Што мислиш кој е помоќен? Затоа ќе пробам нешто да ти сугерирам и нормално проследено со критика. Затоа сега читај внимателно.

Република Македонија треба да се потруди да ја запише и суштински да ја примени неформалната преамбула на неформалниот еснафски медиумскиот устав, а која е запишана во медиумите, но не и во државните институции. Причина за тоа не е лидерството во Владата, или министрите, или пак директорите на регулаторните тела, туку директно во ситните административци, кои не сакаат ниту да помислат да сочуствуваат со потребите на медиумите и сите вработени во самите медиуми. Воедно сеуште никому не му е јасно (во медиумите) и неможе да го разбере заканувачкиот повик на опозициските партии и некои невладини организации дека сите медиуми, кои не фунционираат по нивните замислени демократски вредности, ќе одговараат, при нивно влијание, толкување и одлучување на законите во Република Македонија.

Неформалната еснаф преамбула гласи:

Сите законски решенија кои се однесуваат на сите видови медиуми треба да имаат во предвид дека истите треба да ги расчистат сите негативности во следниве односи и релации:

Медиуми-Медиуми

Медиуми-Граѓани

Медиуми-Власт

Власт-Граѓани

Поради тоа почитуван г-дине претседател на таканаречената опозиција која е во клиничка смрт, се одлучив на…

Најчитани вести