Отворено писмо до Зоран Заев (2): Новинарите се дел од играта, ама никако и игра

Поради тоа почитуван г-дине претседател на таканаречената опозиција која е во клиничка смрт, се одлучив на ваков начин врз основа на бизнис принципите на медиумите да ви се обратам и да посочам од моја гледна точка каде Република Македонија во овој момент треба да обрати поголемо внимание, во медиумската регулатива, а која би ја подобрило бизнис климата во следниве медиумско-продукциски организации:

  • Радиодифузна такса, наплата и нејзина нова распределба
  • ЈП Македонска радиотелевизија
  • ЈП Македонска радиодифузија
  • Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги
  • Приватни ТВ Станици на сите нивоа и на сите платформи
  • Стабилизација на Радио Бизнисот и регионализација надвор од Скопје
  • Странски канали како нелојална конкуренција и кражба на македонските гледачи и даночна евазија преку различни платформи за реемитување од странски канали
  • Нелегално рекламирање во Република Македонија
  • Интернет медиумите и нивната медиумска концентрација
  • Создавање на заеднички комитет на медиумската индустрија
  • Поддршка на малите продукции( Регионални и Локални Телевизии) за создавање на македонски тв производ преку Медиумски Фонд
  • Нов начин на наплата на авторските и сродните права преку квалитетно клективно здружение
  • Здружение на музичари
  • Либерализмот во медиумите не смее да биде анархија

Сакате да зборите за реформи во медиумите, тогаш почнете да размислувате на темиве. Неможе да настапувате во јавноста со изрази: „Ние ќе ги реформираме медиумите со реформи кои се толку реформистички што дефинитивно ќе извршат реформирање во стандардите“ итн. Прочитавте негде во предлозиве новинари. Ја не гледам. Новинарите се играчи на теренот на информации, ама во системот на бизнис релациите се само дел. Тоа мора да се запамти. А, да не заборавам, дајте и го ова на Шеќеринска да го чита. Гарант ќе има прашање од типот: Радиово колку е ВАТНО? А, ти пак одговори ’и во реформски стил НЕВЕРОВАТНО.

На крај малку критика.

Дали знаеш дека адвокатот на Независниот синдикат пред неколку години кога бев сведок на една новинарска ликвидација од Минчо Јорданов, ја најдовме во  канцеларијата на Петре Шилегов?

Сега ги предлагаш за предлагачи. Е, неможе. Има судир на интереси. Башка ако им го пуштам на независно зависниве синдикалци М.И.-Маци Циган (прекар) да им објаснува за животни осигурувања на медиумските работници ќе мислат дека се наоѓаат во Зоната на самракот.

Сакаш да ја знаеш вистината за А1 Телевизија? Ќе мора да добиеш одговори на неколку прашања кои треба секој да си ги постави. Која е групата на хушкачи кои го внесоа Велија Рамковски во директен судир со Власта, а во дослух со полицијата? Дали знаеја истите дека докази има уште во 2009 година? Дали истите ти се доближија и сега те работат како бавча? И ветив на сопругата на еден новинар дека еден убав сончев ден ќе ја утврдиме до крај листата. А, ти размислувај. Се работи за тебе.

И прашај го Владимир Милчин (не е дел од групата) кој гарантираше дека А1 ќе ги враќа парите навремено? Ќе се изненадиш пријатно.

Велат сите дека ти ги контролираш убавите обвинителки од СЈО и дека цело време работите координирано. Неколку пати ја гледав онаа прес конференција која наводно беше значајна за општествово. Дека сега ќе ни тргне. Морам да и ги пренесам на јавноста моите лични впечатоци.

Фатиме Фетаи, доколку беше на лингвистички натпревар за Македонски јазик сигурно ќе беше меѓу првите. Но, г-ѓа Фетаи мора да знае дека треба да прави разлика што е обвинител, а што судија. Што е соопштение на СЈО, а што е политички говор. И следниот пат да внимава на својот говор на тело бидејќи многу ја криви устата на лево. А, тоа значи само едно.

Останатите две. Како беа насмеани човек може да помисли свашта, како да биле во кино Валијант. Ај да не бидам вулгарен, па затоа имам две опции како изгледаа.

Првата да ни соопштат дека Калиопи Грил победила на Евровизија.

Втората изгледаше вака: Почитувани граѓани на Република Македонија имам чест, јас Катица Јанева  да Ви соопштам дека ние АРМАСАМЕ СЕ (веридба на струмички дијалект).

Еве да знаеш една информација. Мината година му испратив една порака на големиот директор од АВМУ кој цело време велеше дека е зафатен зошто е во Брисел или кај Премиерот. Пораката ја знаат еден министер и еден директор од ВМРО-ДПМНЕ. А таа е следната: Кога тогаш ќе го видам Груевски на 2 минути. Кога ќе му соопштам што си зборел лично за него и Миле Јанакиевски на 16.05.2007 година баш ме интересира што ќе објаснуваш Кога тогаш, а тогаш може да биде брзо. Ја сум стара чекалица.

Трнлив е патот другар Заев. Ти отвараш врати, почни да гледаш кои твои лигуши ги затвараат. И тоа со силен тресок. За да дадат до знаење дека во СДСМ нема да владеат струмичани, туку они Црвените кмери. Да не си ја пееш на крај од легендата Луис – Обриши Сузе Мала Моја.

П.С. На господинот Тицко благовремено го предупредувам да не ме нарекува Крлеж, зашто ако го потсетам за нешто од пред 40 години нема да го сошијат Жан Митрев, Сашко Кедев и Борче Петровски заедно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.