Отворено писмо до Зоран Заев (3) : Како Мали Мујо замислува ПУЧ

Римската Империја на модерното општество му пренела три клучни работи: Арени, Инфраструктура и Информацијата е Знаење и во исто време Моќ. Денес е многу интересно да знаеш што мисли позицијата, што мисли опозицијата и да  знаеш што мислат они за тебе. За едни си партнер во власта, а другите се чувствуваат  или како оставен партнер пред сексуален чин или забораваат каков еротски чин се случи директно од Псача. Сигурно се сеќаваш ти Зоран Заев на оној младиќон Тито Петковски кој си направи партија и освои 7 пратеници и во коалиција со Радмила Шеќеринска брутално го срушија Владо Бучковски. Си постави државен секретар во едно министерство за кој еден пишувач на колумни во Нетпрес во 2007 година ја извести новинарската фела дека дипломата за завршено високо образование е добра, ама не баш како што треба, да не кажам лажна. Замисли се заврши со кривична пријава и пресуда од една година условно. Денес Тито Петковски е коалиционен партнер на Заев и се  бори, ѓоа, против диктатурата.

Првпат дознав дека има прислушувани разговори на крајот од 2013 и почетокот на 2014 година и дека се спрема комплетно политичко расчистување со тогашниот премиер Никола Груевски. И тоа што би рекле големите аналитичари дека зад СДСМ се Америте и се ќе биде, што се вели, by the book. А, денес во 2016 година истите од СДСМ упорно ја убедуваат јавноста дека Америте додека не видат дека Груевски има можност да изгуби немало да има избори. И така тоа во недоглед. Тоа се вика директна злоупотреба на единствениот вистински пријател (за мене лично), наш како држава Соединетите Американски Држави, која е претставувана од неговата екселенција Џес Бејли.

За да бидам попрецизен решив да ја потсетам публиката на една моја колумна од 12.11.2014 година. Затоа цитирам неколку пасуси оттогаш:

Во далечната 2001 година Владата на двоецот Георгиевски-Димовска е буквално на стаклени нозе со двојно помал рејтинг на доверба во однос на опозициската СДСМ, но сепак успеа да се одржи на власт до фамозниот и последен 15 септември за опозицијата и за тоа платија многу голема  политичка цена. Во тоа време паралелното полициско-политичко подземје на СДСМ ги контролира буквално сите разузнавачки и контраразузнавачки материјали и извештаи.

Но, 2014-та не е исто како и 2001-ва, затоа што се сменија многу политички играчи и да бидам искрен се случи комплетна изворна ре-конфигурација на македонската политичка и новинарска сцена. Да не навлегувам во детали во моментов. Ова лето господово имаме нова, а сепак иста параполициска структура, која сака да се претстави како нов бејби бум сајбер новинарска генерација, ама сепак не се.  Ако порано подземјето на СДСМ го контролираше 100 отсто целокупното политичко и општествено живеење во Република Македонија, сега работите се видно променети, односно слабо им оди. Истите играчи од 2001-ва сега сакаат да му го диктираат политичкото темпо на лицето З.З. што лично сметам дека ако истиот ги прифаќа сугестиите е сериозна грешка. Се надевам дека блиски соработници на лидерот на опозицијата и впрочем мои лични пријатели ќе го убедат дека треба да престане со соработката со новинарски-полициско-уличарски вин вин острилки и да им каже Чао Бела или збогум ве праќам во македонскиот новинарски политички заборав.

Аферите се следни:

  1. Нарачано убиство на шест лица од македонска националност од страна на исламски фундаменталисти и екстремисти од Босна, со поддршка од тајните служби на Република Србија. Болна и психопатска работа
  2. Видео запис од тајна средба на лидерите на позицијата од македонскиот и албанскиот политички блок за наводна федереализација и поделба на Македонија. Болна работа
  3. Наводно Испрани 6 милијарди евра во временски рок од 8 години. Болна работа
  4. Наводни видео записи од македонската афера Моника Левински. Болна Работа
  5. Прислушкување на илјадници граѓани и функционери во период од 8 години. Психопатска работа

Да се сконцентрирам на последнава петта точка која беше објавена како Бомба. Се објавуваа разговори на функционери на Власта, но во само еден момент и еден разговор приватен на Зоран Заев со сопствената ќерка. Иако ни беше соопштено дека сите функционери на СДСМ биле прислушувани со години, не бевме удостоени како СДСМ се однесува со своите функционери и нивните подржувачи за време на избори и во тек на владеење со локалната власт.

Во еден момент кога почна објавување на разговорите си помислив како е можно една политичка партија да е толку нетактична и неспособна со тоа што се заканува една година дека поседува разговори кои ќе ја соборат за нив диктаторската Власт. Замисли да истите разговори ги имаше Бранко Црвенковски. Моето мислење драг Заев дека во најмала рака Груевски на патерици ќе се одржуваше на Власт. Ама разликата меѓу тебе и за тебе хохштаплерот Бранко е следнава, во автомобилски стил. Вие г-дине Заев сте „Застава Скала 55“, а бате Бранче е „Ауди Р8“.

Но, како се однесуваа двете страни?

Власта влезе во два типа на медиумски кампањи и една постапка. Сите разговори се лепени и монтирани од странски служби, кампања за сите позитивни чекори на Власта и апсење на пара-полициска структура од кој едниот од уапсените веднаш призна кои му се наредбодавците и се договори со Јавното Обвинителство за помала затворска казна. Со надополнување и апсење на лица блиски до СДСМ кои се креатори на Фабриката за Афери. Како потврда на признанието на прво осудениот се јави поранешниот премиер на РМ Љубчо Георгиевски дека станува збор за истата банда пара-полициска која го обработувала него во време на неговото владение.

Опозицијата, пак, тврди дека Власта во континуитет по наредба на врвот на МВР слушала со години, потоа создаде политичка криза, постави низа услови, се заканува со меѓународната заедница, се фали со велелепнион шутрак медиумски или било каков посредник и се труди да пара-полицајциве ни ги претстави како херои- свиркачи, кои работат за доброто на државата.

Гледано од страна имам неколку директни прашања за Вас г-дине Зоран Заев?

Дали ги знаеш сите техничко-технолошки можности на телефонските централи сместени во сите телекомуникациски оператори во Македонија? Што се тоа глуви соби? Дали е вистина дека се снимаат сите разговори и СМС пораки на нивните корисници, како нормална појава? Дали знаеш каква е позицијата на луѓето задолжени за безбедност во електронските комуникации вработени кај истите? Дали е вистина дека еден од нив се фалел како носи хард дискови до УБК еднаш месечно како нормална процедура за соработка? До кога мислиш да ни натураш и лажеш дека се следени масовно граѓаните и наместо јавно да признаеш дека е следена комплет врхушката на власта? Дали се сложуваш дека имаме сериозни разлики што е побитно? Дали е поважно кој слушал и го рушел безбедносниот систем преку 10 таргетирани телефони? Или пак што е зборено? И последно клучно прашање. До кога мислиш да бегаш од избори од кога ја стави државата во сериозна политичка криза и ги направи сите граѓани заложници на политички надмудрувања, за да расчистиме кој е победник на следните избори? И уште едно, дополнително, прашање зошто во ненапишаната програма за политичко делување не дополниш дека Сноуден и Асанж ќе добијат политички азил во нашата држава со одобрение од Џес Бејли?

И на крај имаш намера да се оградиш јавно од Катица Јанева после нејзиниот официјален став дека Македонија има комплет нелегитимни институции? Или пак сакаш да ја воскреснеш Македонската кралска лоза и да ја поставиш за кралица истата госпоѓа која не знае да склопи две просто проширени реченици?

Во меѓувреме не знаев дека си добил сојузник во ликот и делото на Зоран Трајчевски кој ни наметнува измислен говор на омраза и хомофобија на ТВ Канал 5, твојот официјален непријател, а се’ со цел да прати порака дека Агенцијата во која директорува е неселективна и кооперативна.

За да покажеш дека сакаш реформи во медиумите, поднеси му кривична пријава за не реагирање и укинување на рекламата за крекерите SEVEN DAYS PIZZETI, каде пораката од самата е кој не јаде дома крекери ќе лета низ прозор или ќе го удавиме во најблиската река или пак ќе користи бетонски чизми. Сакаш ама не знаеш.

А, за тоа дека ќе победиш на избори има една книга во Библиотека Карпош на 6-ти спрат во делот на научна фантастика.

Затоа престани да се однесуваш како да си главен лик во вицот Како Мали Мујо замислува ПУЧ.

За крај, еден мој пријател, вели: „Ако сакаш да срушиш еден систем треба да понудиш нов подобар“.

Ти тоа го немаш.