ОУ „Ванчо Прке“ од Штип собра 125 килограми пластичен отпад – награда три школски табли

Општина Штип и Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со „Пакомак“ ДОО Скопје и НВО „Светлина“ спроведоа акција за собирање на пластична амбалажа во основните училишта во Штип. Согласно резултатите, првопласирано е училиштето „Ванчо Прке“ кое собрало 124.6 килограми пластична амбалажа.

Од тие причини, „Пакомак“ ДОО-Скопје му додели како награда три училишни табли во вредност од 20.000 денари. Школските табли веќе се врачени на училиштетот и останува продолжување на соработката преку еден ваков корисен проект кој ја зголемува свеста за кај учениците за собирање на пластичниот отпад.