Ова е брутално газење по Деловникот за работа на Собранието

Ова не е монархија, ова е парламентарна демократија, има процедури има закони, има деловници за работа кои мора да ги почитуваме. Вие, господине Џафери, сте еден како и ние сите останати 119 пратеници во собранискиот дом и мора Деловникот и одредбите од законите да ги почитувате, како што ги почитуваме и ние, му се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на собранискиот спикер Талат Џафери на расправата за Законот за јазици и негово поставување во комисија која што не е надлежна да го разгледува.

-Ова е брутално газење по Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и поигрување со сите членови од тој деловник. Членот 135 од Деловникот за работа вели „кога предлогот на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската Унија, во воведот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ со полн назив, број и датум“. Став 5.„Со предлгот на закон се поднесува и изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и јасно наведување на правниот акт на ЕУ со кое е извршено услогасувањето“. Кој е тој акт од Европската Унија со кој се врши усогласување и каде е тоа наведено, прашува Данев.

Тој додава дека Деловникот во однос на ингеренциите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците вели дека „Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците“.

-Зарем има поголем доказ дека ова е флагрантно кршење на Деловникот за работа на Собранието, потенцира Данев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.