Ова е човекот од кого се плаши целата српска естрада

Српските медиуми пишуваат дека наскоро ќе дојде до филмски пресврт во акцијата на Даночната управа во Србија против естрадата, која наводно годишно затајува 87 милиони евра.

Во Даночната управа сега за сега даваат искази и пејачите и пејачките, инспекторите ги „чешлаат“ издавачките куќи, а сега ќе пристигне и „експертскиот“ сведок на целата приказна – менаџерот преку кој тие договараат настапи во странство.

Станува збор за Фикрет Вукалиќ, наречен Фантом, сосптвеник на фирма и компанија во Австрија каде живее.

Тој договарал настапи на голем број фолкери, а сега е во улога на посредник кој ги поврзува со сопствениците на клубовите каде имаат настапи. На списокот на Фантом порано биле Дара Бубамара, Стоја, Џогани, Мерлин, но во моментов тој соработува исклучиво со рок групи, но и со Здравко Чолиќ, Владо Георгиев, Бело дугме…

Иако не е обврзан да се вклучи во случајот во Србија, затоа што е постаојан државјанин на Австрија, тој ќе дојде и ќе им раскаже на инспекторите се што знае, пишуваат српските медиуми.