Ова е црното и крваво сценарио на СДСМ!

Деструктивното сценарио на опозициската СДСМ за насилно преземање на власта, синоќа почна да се остварува.  Протестот што ескалираше пред  објектот на Владата, резултираше со четириесетина повредени полицајци, четворица цивили, запалени контејнери, демолирани автомобили, скршени прозорци на Владата, оштетени кафулиња низ центарот на градот…

Борците за демократија и слобода на медиуми, кои се редовно на сите протести кои ги организира опозицијата, а се скриени  зад плаштот на граѓанско незадоволтво, синоќа ги вандализираа и просториите  на „Радио Слободна Македонија“ .

Вчерашниот протест опозицијата го испрактикува како генерална проба за црното сценарио кое се предвидува да се спроведе на големиот протест најавуван  за 17 мај, а треба да биде последниот удар кон за неа „недемократската власт“  и  „диктарура“, во која три месеци „угнетуваните“ слободно пуштаат во јавност прислушувани приватни телефонски разговори на лица од највисоката државна власт, константно практикуваат и медиумски шират говор на омраза, а, и насилствата не им се слаба страна.

Иако првично, „големиот митинг“ на СДСМ требаше се организира на 9 мај, симболично на Денот на победата над фашизмот, лидерот на опозицијата се предомисли и официјално големиот протест за изразување незадоволство од работата на власта и нејзино уривање, го закажа за 17 мај.

Според извори на „Нетпрес“, цел на опозцицијата е да собере голем број граѓани од цела Македонија и да ги донесе во Скопје. Доколку автобусите на каков било начин бидат спречени да стигнат во главниот град, граѓаните имаат наредба од опозицијата да го продолжат патот пеш до „стратешкото место“ во главниот град. Лица од СДСМ, деновиве имале задача да го мобилизират своето членство, со закана дека мора да се појави на протестот.
На протестот пред Владата, Заев планира да собере најмалку 25.000 граѓани, бидејќи во партијата биле направени проценки дека полицијата може да разбие до 20.000 демонстранти.
Се планира демонстрантите насилно да влезат во Владата, а доколку членството на ВМРО-ДПМНЕ излезе на контрапротести, опозицијата е подготвена да има судири и по цена на човечки повреди и жртви.