Ова е дефинитивно “тикетот на месецот” во Македонија

Последна таква случка за која говореше цел Балкан беше онаа каде Босанец за неколку вложени евра успеа да добие дури 52 илјади евра.

Сепак, доказ дека и ние имаме мајстори на обложувањето е овој тикет, кој не е толку посебен поради добивката, туку поради самите типови.

livce-za-goran

Данијел, “класа типувач” од Скопје успеал на два натпревари да ја погоди најтешката игра која обложувалниците ја нудат, популарната “два во кец”, односно едниот тим да има предност на полувреме, а другиот да слави на крајот.

Да биде ситуацијата уште поневеројатна, се работи за натпревари од англискиот куп “Џонстон Пеинт Трофеј” каде учествуваат само клубови од пониските дивизии.

Секоја чест за Данијел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.