Штајнмајер: Ова е горчлив ден за Европа, но ќе ја пребродиме кризата

Штајнмајер: Ова е горчлив ден за Европа, но ќе ја пребродиме кризата
Штајнмајер: Ова е горчлив ден за Европа, но ќе ја пребродиме кризата
Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер побара од германските и европските граѓани да не паѓаат во состојба на хистерија или шок, јави дописникот на МИА од Берлин.

Штајнмајер порача дека сега е важно Европа да се држи заедно и дека можеби ЕУ ќе ги нема сите одговори на прашањата што ќе произлезат од одлуката на Велика Британија, но дека Европа ќе ја преброди кризата.

– Ова е горчлив ден за Европа, до неодамна се надевавме дека граѓаните на Велика Британија ќе одлучат поинаку, дека ќе се решат за Европската Унија но тие не го сторија тоа. Одлучија да ја напуштат. Тоа е јасна одлука што мораме да ја почитуваме. Велика Британија е повеќе од една членка на ЕУ, тоа е историја, традиција и искуство на земја која што ја одбележа Европската Унија во децениите зад нас“, се вели во изјавата на Штајнмајер.

Според Штајнмајер сега Европа мора да се фокусира на решавање на заедничките европски проблеми, бегалската криза, вработувањето, економскиот раст, како и да најде одговори на сите прашања кои што произлегуваат од променетата безбедносна состојба.

За Штајнамер денешниот ден не е лесен за Европа, но сега мора да се остане заедно, да се покаже дека Европа има сила да ја преброди кризата, дека и покрај јасниот сигнал дека се загуби член на ЕУ, унијата прави се што може за посилна Европа.