Балкан

Ова е хирургот што пукал во српската актерка

Ова е хирургот што пукал во српската актерка

Со пукањето кое утрово околу четири часот се случи на Савски венац, кога угледниот пластичен хирург од ВМА Срѓан Цветановиќ (59) се самоуби, а пред тоа пукаше во својата девојка, актерката Ивана Панзаловиќ (30) и ја рани во глава, завршена е една бурна и долга љубовна сага.

Цветковиќ се развел од долгогодишната сопруга, исто така докторка во ВМА, токму поради младата Ивана. Тој набрзо по разводот почнал да живее со актерката, токму во станот во кој се случи пукањето.

Својата врска ја обелоденија и на Фејсбук, на 12 април годинава.

Двајцата тогаш беа среќни и вљубени, а на коментарот дека треба да се „налее“ оваа убава вест, Ивана одговори дека „се налева“ со неа, така што нема потреба да излегува и да се опива со други.

Само неколку месеци подоцна, на 7. август, двојката се вери.

И оваа информација ја објавија на Фејсбук.

Foto: Facebook/Srdjan Cvetanovic

Според коментарите може да се заклучи дека ова не било изненадување, очигледно сите знаеле за љубовта на оваа двојка и не било неочекувано што двојката за кратко време се верила.

Во еден од коментарите, Срѓан коментира дека Ивана „можеби е луда, но е магична, и дека во нејзиното лудило нема лаги“.

Можеби уште тогаш навестил дека повремено имаат одредени несогласувања и кавги, но сметал дека сето тоа може да се надмине.

На еден пријател кој го прашал дали тоа повторно се верил, напишал дека ништо не повторил, зошто првпат во животот се верил со жена од своите соништа.

Никој не може да ја претпостави причината за толку ужасен след на околности.

Полицијата и натаму ги истражува околностите под кои се случи инцидентот, а Ивана е на ВМА каде и е укажана потребната помош и не е животно загрозена.