Ова е љубов: Ја видел само еднаш и ја чекал 14 години

Приказната на двајца млади Босанци е уште еден доказ дека вистинската љубов постои.

Цели 14 години Антонио Крепуља од босанскиот град Какањ ја чекал љубовта на својот живот Младенка Андриќ.

Имено, Антонио првпат ја видел Младенка пред 14 години кога таа дошла од Швајцарија во посета на роднините. Тој се вљубил во неа на прв поглед и од тогаш ја чекал секоја година да дојде, но таа не доаѓала.

– Цело време беше вљубен и многу страдаше, раскажуваат пријателите на Антонио.

Сепак, по 14 години Младенка повторно се појавила во Какањ и овој пат Антонио не дозволил неговата љубов да побегне, туку веднаш и понудил брак.

Приказната завршила со среќен крај и Антонио и Младенка неодамна се венчале.

– Во денешно време кога повеќе се води сметка за гламурот кога е во прашање денот на свадбата, овде имавме друга ситуација на вистински и искрени вредности, опиша еден од сватовите.