Ова е мачителот на коњот во Ѓорче Петров (ФОТО)

Ова е мачителот на коњот во Ѓорче Петров
Ова е мачителот на коњот во Ѓорче Петров

Полицијата вчера поднесе кривична пријава за измачување на животно, против насилникот кој до смрт се изжвуваше на коњво дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв. Според кривичниот законик, за вакво дело следува казна до една година затвор.

Два дена по скандалот со грозоморниот случај на ладнокрвното убиство на животното, и жестоката реакција на јавноста, сторителот е казнет, но, на испт уште еднаш се става ажурноста на надлежните кои не треба да дозволат вакво нешто да се повтори, особено ако се знае дека сторителот чува уште едно вакво животно, чиј живот е во ризик и би можел да заврши фатално.

Полицијата вчера поднесе кривична пријава за измачување на животно, против насилникот кој до смрт се изжвуваше на коњво дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв.
Полицијата вчера поднесе кривична пријава за измачување на животно, против насилникот кој до смрт се изжвуваше на коњво дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв.

Полицијата, викендот, на сторителот на овој громозорен чин, му поднела прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир, за што според член 29 од надлежниот Зконот, казната се движи од 100 до 400 евра.

 

АХВ: Сторителот ќе биде соодветно казнет

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека по поднесена претставка од здружението за заштита на животните Анима Мунди, на 29 Август, веднаш излегле на терен за да ја констатираат фактичката состојба на коњот.

Официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство најпрво се обратија до полициските службеници од полициската станица Ѓорче Петров каде беа информирани дека и тие имаат пријава за таков случај и дека веќе водат постапка согласно нивните надлежности.

Увидот беше извршен на 29 август, во дворот на училиштето, и во непосредната околина, каде не беа забележани коњи, а на адрестата на пријавениот, посочена од полицијата, не беше присутен сопственикот поради што неможеше да се направи увид.

Агенцијата за храна и ветеринарство е во очекување  на извештајот на СВР Скопје за конкретниот случај, а исто така е побаран и извештај од Докторот по ветеринарна медицина кој му дал прва помош на животното, кој ќе помогне во утрдувањето на тоа дали животното починало  како последица на нехумано однесување на сопственикот или од друга причина.

По утврдување на фактите, доколку Агенцијата за храна и ветеринарство констатира дека пријавеното лице направило прекршок и постапило спротивно на одредбите на Законот за благосостојба на животните, сторителот ќе биде соодветно казнет согласно прекршочните одредби на истоимениот закон, соопштуваат од АХВ.

 

Прочитајте повеќе:

Приведен насилникот од Ѓорче Петров што уби коњ

Трагичен епилог- Коњот убиен лежи во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски”! (ФОТО)