Македонија

Ова е Македонецот кој сите Хрвати го сметаат за нивен херој

Ова е Македонецот кој сите Хрвати го сметаат за нивен херој

Љупчо Атанасов е Македонецот кој деновиве сите го опишуваат како хрватски херој, а причината за тоа се крие во далечната 1991 година и војната во Вуковар, кога Љупчо успеал да спаси 70 Хрвати од сигурна смрт.

Една вечер за време на полицискиот час, Љупчо се решил на многу ризичен потег, во кој можел да го загуби животот.

Тој во својот автобус ги качил сите заробени Хрвати и ги однел до касарната во Вуковар. По патот поминал повеќе вооружени контроли, велејќи им “Јас сум Љупчо Атанасов, подофицер на ЈНА”, само за да помине.

– Бев подофицер на ЈНА кога ме распоредија да бидам обезбедување на вуковарскиот Велепромет, поконкретно еден негов објект наречен “столарија”. Бев обучен војник и спремен за секаков предизвик. Но не можев да ја гледам неправдата, која во тоа време се вршеше врз хрватскиот народ. Во тој објект беа заробени луѓе, кои јас требаше да ги чувам од паравоени формации, што не беше така лесно. Неколку пати го напуштав местото, а кога се враќав имаше по педесетина мртви луѓе. Вечерта пред самиот чин останаа околу седумдесетина луѓе, а јас се решив на голем чекор. Но си реков себеси или овие луѓе ќе преживеат или и јас ќе завршам како нив.

– Од сите останати седумдесет Хрватите, се сеќавам само сега за жал починатата, Вики. Поточно, се сеќавам на солзите на нејзиниот тригодишен син кој плачеше во на собата во која беше затворен. Не можев да го слушам тоа, па ја прекршив должноста. Ја однесов Вики до нејзиниот син со цел да го утеши, а по патот тивко и шепнав “Не плашете се, ќе преживеете и ти и син ти”, се потсетува Љупчо на вечерта кога го преживеал најголемиот страв во својот живот. Љупчо Атанасов шест месеци по Вуковар ја напушти армијата.

По многу години, со сега починатата Вики остварил контакт преку Фејсбук, а потоа во 2012 година и средба. За оваа емотивна средба, Љупчо не сака да зборува многу.

Здруженија на ветераните се согласиле со идејата дека Љупчо Атанасов заслужува орден за заслуги и херојство.