Ова е најдобриот директор на Балканот: Работниците ги гледа како непроценливо богатство

Небојша Матиќ е несекојдневен, особено за балкански услови, работодавец и бизнисмен, а судејќи според она што работниците го добиваат од него и што тој добива од нив, тој е и еден од најдобрите директори на светот. Својот приватен бизнис го започнал некаде во 90-те години во гаражата од неговиот татко, во Лајковац, а денес неговата компанија „Микроелектроника“ своите производи ги извезува во повеќе од 140 земји ширум светот.

За ваквите резултати Матиќ е најмногу благодарен на своите работници. На сите 86 вработени кај него, гледа како на бесценето богатство и луѓе кои во него го разбудиле најдоброто.

– Оваа фирма е добра бидејќи во неа работат добри луѓе. Можеш да бидеш сопственик и директор колку сакаш, но си една обична нула без способни и грижливи работници. Суштината е во дружењето. Првиот човек на фирмата мора да се грижи за своите вработени. Јас многу ги сакам моите, заедно работиме, се смееме, се дружиме, одиме на риболов, бидејќи ако се тие задоволни, бизнисот оди напред. А кога има проблем, решение е комуникацијата, не парите, бидејќи мотивацијата се постигнува само со разговор. Заклучив дека секој од нас е луд три дена во половина година, и дека во тие денови не треба да го чепкаш, вели Матиќ.

1firma

Во „Микроелектроника“, компанија која се занимава со производство на елементи за микроконтрола кои се наоѓаат во телефоните, автомобилите, фрижидерите и слично, до скоро четири пати во годината се делеле бонуси, а работниците добиваа и 13, 14 и 15 плата.

– Сега сето тоа го променив во покачување на платата. Годишно платите растат и до 100%. Одлучив да ги “натерам” да имаат по три, па и по четири деца. Месечно им давам по 200 евра за секое трето и по 400 евра за секое четврто бебе. Тоа не е голем трошок, децата се најубавото нешто. Јас имам ќерка, а мојата жена често се шегува дека сум успеал да направам толку многу, но не и второ дете, вели Матиќ.

Тој лесно се врзува за добри луѓе. Девојката кај која една година купувал кафе, отишла да работи како кафекуварка во „Микроелектроника“. Сега Матиќ ја школува за книговодителка, а на прашањето од новата колешка Милица ’Што ќе се напие?‘, одговара: „Кафе, ако не те мрзи да направиш“.