Ова е најдобриот хороскопски знак

Сите знаци во хороскопот се одликуваат со низа позитивни, но и негативни карактеристики…

Меѓутоа, кога ќе дојде до момент каде се треба да се држи под контрола, Вагата ја презема главната улога.

Оние кои се родени во знакот на Вага се мирољубиви и правични луѓе, а најмалку од се сакаат да останат сами. Партнерството е од огромно значење за Вагата, особено она на лично ниво. Со својот победнички менталитет и кооперативност тие не се склони долго време да бидат сами.

Вагата е воздушен знак со изразен интелект и силен ум. Во нејзината природа е да е инспирирана од интересни книги, несовладливи дискусии и интересни луѓе кои успеваат да и ја „убијат“ здодевноста.

Владеачката планета на Вагата е љубител на убави нешта – Венера па затоа квалитетот за Вагата е многу поважен од квантитетот.

Дамите во овој хороскопски знак се опкружени со уметност, музика и убави места за да можат да го достигнат својот потенцијал. Бидејќи по природа се кооперативни, често работат со други на креативно проекти.

Вагата е фасцинирана од рамнотежата и симетријата. Често се личности кои ја ценат рамноправноста и не поднесуваат неправда и прават се да ја снема. Не се склони да се конфронтираат без причина и сакаат да го чуваат својот мир.

Најголем проблем за Вагата е кога е принудена да бира страна. Понекогаш поминуваат премногу време во спознавање и аргументација на секоја страна па забораваат да имаат свое мислење.

Тие се расплинуваат во својата неодлучност и не ретко можат да “полудат“ кога донесуваат одлуки.