Ова е најдобриот лек за настинка и болка во грлото!

Sage tea

Сезоната на настинка веќе започна, па многумина размислуваат како на природен начин да ги спречат и победат кивавицата, болката и пецкањето во грлото.

Експертите советуваат дека од сите традиционални лековити средтва најделотворен е чајот од жалфија, со кој повеќе пати во текот на денот се испира грлото. Пожелно е истовремено вратот да биде завиткан со шал или марама. Помагаат и бомбончињата на база на жалфија, како и поголемото количество на течности.

Но, доколку телесната температура е повисока од 38,5 степени и трае подолго од три дена задолжително побарајте лекарска помош. Индикација за посета на лекар е и појавата на белите наслаги на крајниците. Овој симптом може да биде сигнал за ангина, која бара терапија.