Ова е најлошиот ден за купување авионски билет

Најлош ден за купување авионски билет во неделата е петок, според анализата на светските цени на авионски билети, пишува „Индепендент“.

Според истражувањето, авионските билети во петок се за 13 отсто повисоки од цените во сабота. Се смета дека зад ваквиот пораст на цените стои уверувањето дека оние што ќе одат на одмор најчество резервираат патувања на намаление за време на викендите, а оние што патуваат службено резервираат билети на крајот на работната недела.

Ова е најлошиот ден за купување авионски билет
Ова е најлошиот ден за купување авионски билет

Според „Волстрит журнал“, тие што планираат да патуваат во Европа треба да планираат да ги купат нивните билети околу 140 дена однапред доколку сакаат да го набават најевтиниот билер, додека оние што патуваат низ САД истото би требалод а го сторат 57 дена однапред.

Сепак според Рик Сани, извршен директор на ФерКомпер, можно е билетите да ги купите прерано.

Авиокомпаниите почнуваат со активно управување на цените на летовите пет до шест месеци за меѓународните патувања, што значи дека доколку купите билет пред тоа би можеле да го купите и поскапо.