Ова е научно-истражувачката брачна двојка која проучила 14 илјади оргазми

Најновата ТВ адаптација на биографијата на прочуената двојка Мастерс-Џонсон, открива детали за нивното невообичаено научно истражување. Проучиле 14 илјади оргазми и така ја започнале сексуалната револуција.

Гинекологот акушер Вилијам Мастерс и неговата сопруга Вирџинија Џонсон од учесниците кои претходно ги прикачиле на електрокардиограм и монитори за дишење, бараа да мастурбираат.
Апаратот на кој беа вклучени, бил еден вид на оргазмички полиграф кој до детали го бележал секој пулс, воздишка, движење и звук.

Научниците исто така ги набљудувале и физиолошките промени кај жените преку објект од плексиглас кој го имитира пенисот во ерекција, што било невообичаено во тоа време, 50-те години минатиот век.
Интересно е што овие двајца научници никогаш не останале без доброволци за своите експерименти.

Кога во 1966 година се појавила нивната книга „Human Sexual Response,” постанаа апсолутни ѕвезди. Во 1971 оваa двојка се венчаше и покрај славата, опишани се како најзатворени личности на планетата.

Но како започнала нивната приказна? Вилијам Мастерс е гинеколог акушер и стручњак за плодност кој подоцна отвори прва банка за сперма. Во 1954 година започна интензивно да се занимава со сексуални истражувања. Две години подоцна ја вработи и Викторија како секретарка и набрзо таа му постана партнер во истражувањата. Овој истражувачки пар, проучил 382 жени и 312 мажи.

Две третини од нивните книги се занимаваат со мистеријата на женското тело, способноста на жената да доживее повеќекратни оргазми и на жената и даваат извесна супериорност на сексуално поле.

Поттикнати од воајеризмот, на крајот започнаа да се истражуваат еден со друг. На предлогот на Мастерс започнаа да водат љубов во лабораторија за да ги тестираат најдобрите пози и техники. Наскоро потоа го основаа Институтот „Мастер и Џонсон“.

Вилијам Мастерс почина 2001 година, а Вирџинија пред неколку месеци.Познатиот сопственик на „Плејбој“ Хју Хефнер е голем обожавател на работата на Мастерс и Џонсон. Хефнер на нивниот Институт им подари 300 илјади долари, а неговата ќерка подоцна се најде во УО на Институтот.