Спорт

Ова е новиот тренер на ЖРК „Вардар“

Ова е новиот тренер на ЖРК „Вардар“

Јан Питлик, поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Данска, ќе биде дел од стручниот штаб на ЖРК „Вардар“.

Преговорите помеѓу клубот и Питлик имаа позитивен исход и тој ќе биде ангажиран околу  подготовките на тимот кој настапува  во Лигата на Шампионите и има огромно искуство .

Индира Кастратовиќ продолжува да биде тренер на клубот.

До почетокот на февруари, во стручниот штаб на ЖРК „Вардар“ беше уште еден Данец, Ким Расмусен,  но тој беше отпуштен по само еден месец работата. Тоа се случи по само еден пораз во Лигата на Шампионите.

Јан Питлик во ракометната федерација на Данска бил ангажиран до почетокот на јануари.