Македонија

Ова е прв случај во светот политичар да соработува со странски разузнавачки служби

Ова е прв случај во светот политичар да соработува со странски разузнавачки служби

Ова е прв случај во светот во кој еден политичар имал контакти со странци разузнавачки служби и притоа се фали со тоа, истакна воено-политичкиот новинар од Белград, Мирослав Лазански за време на неговото гостување во емисијата на Миленко Неделковски на Канал5.

-Ова е прв пат во историјата на овие простори некој политичар, особено лидер на опозицијата, да признае дека имал контакти со странски разизнавачки служби и да има материјали т.н „Бомба“, која се уште не експлодирала, со која може политички да го рекетира премиерот на државата, што е скандалозен потег, некој да дојде во кабинетот на премиерот и да го уценува со некакви материјали, вели Мирослав Лазански во гостувањето во емисијата Миленко Неделковски Шоу.

Воено-политичкиот новинар воедно потенцираше дека ова е прв ваков случај во светот и дека доколку вакво нешто би направил некој политичар од Западот, тој би бил политички мртов.

-На било кое место во Европа, на Западот, политичарот кој би излегол и би кажал дека имал контакт со странски разузнавачки служби тој политички би бил мртов. Повеќе нема да го има во политиката, вели Лазански и додава:

-Не сум сретнал ниту еден пример, на ниту еден политичар, кој имал контакти со странски разузнавачки служби и тоа јавно да го каже и јавно да го признае, а притоа со тоа некој да уценува. Па тоа во секоја нормална држава е ужасен минус, потенцираше воено-политичкиот новинар.