Ова е убиецот на Јелена ?

Српската полицијата има нови детали за убиството на пејачка Јелена Марјановиќ. Полицијата на населението прикажала слика на младо момче кое имало околу 30 години, кое го снимиле камерите во близина на насипот на 2 април, кога последен пат е видена Јелена, а се трага и по постар модел на БМВ со сина боја.

Полицијата веќе неколку дена низ Борча и околината бара машко лице кое го снимиле камерите во билизина кај насипот на 2 април кога последен пат е видена пејачката Јелена Марјановиќ, дознава српски „Курир“.

Инспекторите на мештаните им приложиле фотографија на која се наоѓало младото момче со дуксер со црна капа на велосипед и ги распрашувала дали го виделе.

jelena-krsmanovic-marjanovic-biciklista-1461870010-896023

Исто така се распрашувале и за сино БМВ.

Дали ова е доволно добра информација која ја добила полицијата за да се најде убиецот останува да дознаеме по истрагата.