Ова прашање од едно девојче, го расплака и Папата

Поглаварот на католичката црква, Папапата Франциско, вчера ја заврши седумдневната турнеја по Азија. Тој одржа говор на Католичкиот Универзитет во Филипини, а потоа се поздрави со луѓето, благословувајќи ги. Неочекувано, девојче го расплака поставувајќи му едно прашање.

Жизел Паломар (12), која останала сирак, имала подотвено говор за Папата, но наместо тоа, низ солзи го прашала: „Зошто Бог дозволува толку многу деца да бидат приисилени на проституција и дрогирање. Децата не се виновни за ништо“.

Папата го погодиле солзите на девојчето и самото прашање и цврсто ја гушнал. Поради ова тој се откажал од подготвениот говор на англиски јазик и и’ одговорил на девојчето на својот мајчин јазик, на шпански:

-Она е единствена која постави прашање на кое не постои одговор. Нејзините солзи дополнително ја изразија немоќта пред вакво прашање. Ве повикувам сите да се запрашате дали научивте како да плачете, како да се потиштите кога ќе видите гладно дете, кое на улица се дрогира, сираче кое трпи малтретирање и кое општеството го користи како стока за продавање.

pa3

 

p