Магазин

ФОТО: Ова се 10 најскапи работи што може да се купат во светот

ФОТО: Ова се 10 најскапи работи што може да се купат во светот

На листата на консултантската куќа Велт-икс осум од 10 најскапи работи на светот се луксузни јахти.

На првото место на оваа листа е јахтата Азам долга 180 метри со шест палуби, вредна 627 милиони долари во сопственост на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Калиф бин Зајед Ал Нахјан, чие богатство се проценува на околу 17,9 милијарди долари.

Второто место го зазема островот од 366 квадратни километри во Хавајскиот архипелаг Ланаи кој што основачот и

Lanai resort
Островот Ланаи што сопственикот на Оракл го купи за половина милијарда долари

директор на компанијата Оракл, Лари Елисон го купи за 500 милиони долари во јуни 2012 година.

Јахтата на рускиот милијардер и олиггарх Роман Абрамович кој се збогати тргувајќи со нафта и кој го поседува англискиот фудбалски клуб „Челзи“, е на третото место на листата.

Јахтата на Абрамовиќ долга 180 метри, која ја купи пред три години, вредна е 485 милиони долари.

Рускиот олигарх ја купи јахтата пред три години за цена од 485 милиони долари
Рускиот олигарх ја купи јахтата пред три години за цена од 485 милиони долари

На четврто место е јахтата на сопственикот на Серене, рускиот крал на вотката, Јуриј Шефлер. Оваа јахта, долга 133 метри рускиот милијардер ја купил 2011 за 330 милиони долари.

На петотот место од листата се наоѓа уште една јахта со руски сопственик, богаташот Андреј Мељниченк, вредна 323 милиони долари. Потоа следат јахтите на Мохамед бин Рашид ал Мактум, емирот на Дубаи вредна 300 милиони долари, колку што чини и јахтата „Пелорус“ на Американецот Дејвид Гефен.

Mega-Yacht-Radiant
Вредност на оваа „евтина“ јахта е 286 милиони долари

На седмото место е јахтата „Радијант“ чија вредност е 286 милиони долари во сопственост на саудискиот богаташ Абдула Ал Футаим.

На деветото место се наоаѓа стан во Монако вреден 286 милиони долари во сопственост на рускиот милијардер Дмитриј Риболовљев, сопственик на фудбалскиот клуб „Монако“.

На 10-то место е јахтата „Дибар“ во сопственост на Алшер Усманов, Русин со потекло од Узбекистан кој се збогатил со бизнис во металуршката индустрија. Тој својата јахта ја платил 263 милиони долари.