Ова се браќата осомничени за масакарот во Париз

Потрагата по напаѓачите на редакцијата на Шарли Едбо, трае повеќе од 20 часа, при што именувани се тројца осомничени од кои двајца се браќа.

Нивните имиња се Хамид Мурад (18), Саид Куачи (34) и Шериф Куачи (32).

Најмладиот од нив, Мурад од Шарлевила, се предал на полицијата во текот на изминатата ноќ и во моментов се наоѓа во притвор, додека повеќе од 3.000 полицајци се во потрага по браќата Куачи.

Имено, за браќата се знае многу повеќе отколку за Мурад, а Си Ен Ен напиша дека тие се поврзани со повеќе терористички групи, како и дека постојат наводи дека тие летово се вратиле во Франција од боиштата во Сирија.

Ова се деталите кои се познати за двајцата браќа-терористи:

Шериф Куачи (32)-фитнес тренер

Помладиот брат Куачи повеќе од 18 месеци поминал во затвор поради тероризам. Тој е државјанин на Франција, осуден е условно на три години затвор во 2008 година поради поврзаност со еден регрутен центар за џихадисти во Париз.

Се претпоставува дека бил под влијание на радикални исламисти и проповедници од Париз, како и дека им се приклучил на џихадистите во 2003 година.

Имено, тој пушел, пиел и имал многу девојки, но и напорно вежбал за да може правилно да ракува со оружје. Пред да се пресели во Париз, тој работел како фитнес инструктор.

Тој живеел со неговиот брат, па откако се преселил во француската престолнина почнал да работи како асистент во продавница за риби. Потоа заминал за Ирак преку Дамаск кога имал 23 години.

Саид Куачи (34)

За постариот брат Куачи познати се значително помалку податоци.

Тој престојувал во Сирија во текот на минатата година и бил поврзан со терористичка група од Јемен.

Саид исто така е државјанин на Франција, а неговата лична карта била пронајдена во возилото со кое требало да побегнат, а кое го оставиле во северот од Франција откако и побегнале на полицијата.

-Тоа е нивната единствена грешка, изјавил Доминик Ризе, консултант за француската телевизија BFMTV.

Имено и тој од поодамна и бил познат на француската полиција.