Ова се десетте најскапи свадби во светот

Дали некогаш сте размислувале за вашата свадба? Венчавката е посебен момент за секого. Не само за двојката, туку и за нивните најблиски. Долу е наведена листа на најскапи свадби, меѓу кои на кралски семејства, богати бизнисмени и славни личности. Тие го прославуваат овој ден и со задоволство трошат огромни суми пари за ја направат венчавката незаборавна. Трошат многу пари на скапи фустани, луксузни хотели и други пропратни ситници.

Ова е листата на десетте најскапи свадби во светот.

Шеикот Мохамед Бин Рашид ал Мактум и Хинд Бинт Мактум (137 милиони)

1

Оваа свадба е најскапата во светот. Кралот на Дубаи, шеикот Рашид се венчаше со принцезата Салама во 1979. година. За свадбата тие изградија посебен подиум. На свадбата, која траела седум дена имало повеќе од 20 илјади гости. Истовремено во Дубаи биле прогласени пет неработни денови.

Принц Чарлс и Лејди Дијана (115 милиони долари)

2

Тие се венчаа на 29 јули 1981. година. Голем број членови на кралски семејства и богати бизнисмени беа дел од прославата на свадбата на принцот Чарлс и Лејди Дијана. Церемонијата била пренесена на повеќе од 700 милиони светски телевизиски канали. Иако венчавката беше неверојатна, двојката подоцна се разведе.

Ваниша Митал и Амит Батиа (58 милиони долари)

3

Двојката се венчаше на 18. ноември 2004. година. Поканите биле испраќани во сребрени кутии со 20 страници. Некои „боливуд“ ѕвезди имаа свој перформанс на настанот. На свадбата храната ја подготвувале најдобрите готвачи од Калкута, Индија.

Принц Вилијам и Кејт Мидлтон (34 милиони долари)

4

Венчавката се одржа на 29 април 2011. година. Осумдесет илјади долари се потрошени за свадбената торта, која беше прекриена со 900 шеќерни цветови. Осум милиони долари се потрошени на украсувања со цвеќе, а невестинскиот фустан чинел повеќе од 70 илјади долари.

Андреј Мелниченко и Александра Кокотович (30 милиони долари)

5

Андреј Мелниченко е руски милијардер, а неговата сопруга модел. Свадбата се одржала на 3. септември 2005. година во Франција. Потрошиле 30 милиони за свадбата. Кристина Агилера и Витни Хјустон настапувале таа вечер, за што младенците потрошиле 3.6 милиони по пејачка.

Вејн Руни и Колин МекЛаулин(15 милиони долари)

6

Фудбалерот Вејн Руни се ожени на 12. јуни 2008. година во Италија. Свадбената церемонија траела четири дена, а за невестинските фустани биле потрошени повеќе од 2 милиони евра.

Елизабет Харли и Арун Најар (7 милиони долари)

7

Арун е индиски бизнисмен кој се ожени со актерската ѕвезда и познат модел Елизабет Харли. Свадбата се одржа на 29 јуни 2006. година во Велика Британија, а потоа во Индија. Свадбената церемонија продолжила уште осум дена во двете земји во Европа и Азија.

Челзи Клинтон и Марк Мезвински (4.8 милиони долари)

8

Челзи Викторија Клинтон е ќерка на поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Нивната свадбена церемонија се одржала на 31. јули 2010. година во Њујорк. Челзи носеше невестински фустан дизајниран од Вера Ванг, најпозната дизајнерка во САД. Сребрениот ремен на невестинскиот фустан чинел 25 илјади долари. На свадбата присуствувале повеќе од 500 гости.

Лиза Минели и Дејвид Гест (3.5 милиони долари)

9

Се венчаа на 16.март 2002. година. На церемонијата псисутвуваа повеќе од 800 луѓе, меѓу кои и Мајкл Џексон, Елизабет Тејлор. За тортата на 12 ката и светните аранжмани биле потрошени околу 7 милиони долари.

Том Круз и Кејти Холмс(2 милиони долари)

10

Тие се венчаа на 18. ноември 2006. година во Италија во дворец од 15. век во Рим. Деветнаесет месеци пред нивната свадба Том и предложи брак на Кејти на врвот на Ајфеловата кула. Тие имаа повеќе од 150 гости меѓу кои и Вил Смит, Џенифер Лопез, Дејвид Бекам.