Ова се десетте најздрави намирници

Овие десет намирници би требало што почесто да ги јадете. Дознајте зошто се здрави и како да ги подготвите.

Лимон

Еден лимон содржи повеќе од препорачаната дневна количина витамин Ц, која му помага на организмот во борбата против воспаленија, ги зајакнува коските и одржува здраво ниво на холестерол. Исто така лимонот е познат и по своето антиканцерогено својство.

Брокула

Една мала порција брокула создржи повеќе од потребната дневна количина витамин К, кој е исклучително важен за изградбата и зачувувањето на коските. Еднаква количина на брокула може да го спречи развојот на малигните заболувања.

Чоколада

Само неколку коцки чоколадо на ден можат да го намалат вашиот крвен притисок. Какаото е богато со флавоноиди и антиоксиданси кои го снижуваат и новото на холестерол.

Еден црвен компир содржи 66 микрограма фолна киселина, која е неопходна за растот и развојот на детето. Еден сладок компир е преполн со витамин А, кој е задолжен за јакнење на имунитетот.

Лосос

Лососот е одличен извор на Омега 3 киселините кои се поврзани со смирувањето на депресијата, срцевите заболувања и карциномот.

Ореви

Оревите содржат најмногу Омега 3 масни киселини, кои го снижуваат холестеролот, го подобруваат расположението и се борци против развојот на малигни заболувања.

Авокадо

Според некои студии авокадото го намалува нивото на холестерол за дури 22 отсто. Исто така содржи големи количини калиум кој помага во намалувањето на крвниот притисок, а според американскиот Национален институт за срце, бели дробови и крв, еден од најдобрите начини за контролирање на високиот крвен притисок е конзумирањето на доволно калиум.

Кромид

Одличен е во борбата против разни болести, а наводно може да го спречи развојот на бактериите.

Спанаќ

Најголемата благодет на спанаќот е количината на витамини и минерали: богат извор е на фолна киселина, витамин А,Б,Ц,Е, манган, калиум.

Мешунки

Ако јадете мешунки четири пати неделно можете да го намалите ризикот од срцеви болести до 22 проценти, а таа иста навика може да го намали ризикот од развој на ракот на дојка.