Спорт

Ова се изјавите на македонските ракометари по натпреварот против Австрија

Ова се изјавите на македонските ракометари по натпреварот против Австрија

Еве што изјавија дел од нашите репрезентативци по средбата со Австрија:

Гоце Георгиевски: “Презадоволен сум од победата и од остварената цел. Не очекува Словенија, која е квалитетна репрезентација. Треба малку да се одмориме и од утре да почнеме да се подготвуваме за тој натпревар. Позитивни сме и на секоја средба одиме на победа. Посакувам на Словенија да и се повтори ЕП во Србија, каде ги победивме во мечот за петтото место“.

MAJ_4637_resize_resize

Наумче Мојсовски: “На Словенците не смееме да им дозволиме да се размавнат. Тие сакаат да играат со топка и просечно постигнуваат над 34 гола по натпревар. Треба да ги спуштиме на помалку голови и да ја искористиме слабоста на нивната одбрана. Треба да го искористиме и строгиот критериум на судиите, бидејќи Словенците сакаат поцврста игра, а новите правила ја санкционираат таквата игра. Треба да ја одиграме нашата игра “еден на еден“ и тогаш ќе завршиме голема работа“.

MAJ_4631_resize_resize

Кире Лазаров: “Со четвртатапобеда во пет меча ја комплетиравме групната фаза и сега ни следи Словенија. Искрено, загрижен сум што игравме послабо во одбрана. Денес примивме дури 31 гол што е премногу. Доколку сакаме да го минеме четвртфиналето, Словенија ќе мораме да ја задржиме на 22, максимум 24 гола. Ќе играме против селекција која на последното светско првенство играше во полуфиналето и беше на чекор од медал. Овој состав е уште покомпактен, поцврст и технички далеку подобар од претходниот, но верувам во нашите играчи и очекувам дека токму против Словенија ќе го одиграме најдобриот натпревар на првенството“.

MAJ_4627_resize_resize

Ренато Вугринец: “За Словенија имам одиграно преку 200 натпревари и сум постигнал многу голови, но јас сум професионалец и сега играм за Македонија и ќе дадам се од себе за да дојдеме до победа. Тоа ќе биде натпревар со голем влог за двете страни. Ќе решаваат ситници: дневната форма на играчите, среќата…“

MAJ_4634_resize_resize

Дејан Манасков: “Нашата цел останува иста, мораме да се избориме за можност да нстапиме на ОИ. Словенија има силен состав, 20-30 отсто се подобри од Австријците и нема да ни биде лесно. Ќе мораме да одиграме подобро од денес, особено во одбраната, не смееме да примаме толку голови. Мораме физички да се одмориме, но и психички да се подготвиме за тој натпревар и да ја израдуваме Македонија со нова победа“.

Извор: ркметалург.мк