Ова се крадците кои ја ограбија Ким Кардашиан (ВИДЕО)

Надзорните камери на хотелот, во кој престојуваше и беше ограбена старлетата Ким Кардашиан во Париз, ги снимиле крадците.

На видеото може да се види дека тие се возат на велосипед, а едниот од нив има ранец на грбот.

Според времето на камерата, крадците влегле во апартманот на Ким околу 2 часот наутро а таму се задржале околу 49 минути.

Полицијата се уште го истражува грабежот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.