ФОТО: Ова се најбогатите жени во светот според „Форбс“

Жаклин Марс – Наследничка и ќерка на основачот на „Марс“

zaklin-mars

Жаклин Марс е третата најбогата жена во светот, а „тежи“ 23, 4 милијарди долари. Оваа година нејзиното богатство се намалило за 3, 2 милијарди долари. Таа и нејзините браќа ја наследија компанијата која произведува храна за миленичиња и десерти „Марс“ во 1999-тата по смртта на нивниот татко. Ниту еден од нив не е активен во компанијата, која годишно заработува околу 33 милијарди долари.

4. Мариа Франка Фисоло – Вдовица на Мишел Фереро

maria-franka

Мариа Франка Фисоло од Италија, сопругата на основачот на италијанската компанија за чоколади Ferrero SpA, Мишел Фереро се најде на четвртото место со богатство од 22, 1 милијарди долари. Нејзиниот сопруг почина минатата година на Свети Валентин. Компанијата сега е во сопственост на Фисоло и на најзиниот син Џовани, кој е извршен директор. Компанијата го произведува познатиот Нутела крем, како и Киндер чоколадите и бонбоните Тик Так.

5. Сузан Клатен – Наследничка на акционерите на БМВ