Ова се најчестите презимиња во Европа

Софтверскиот инженер со потекло од Краков, Марцин Сјур сакал да открие како луѓето во Европа ги добивале презимињата врз основа на занимањето. Тој открил дека најголемиот број такви презимиња се во Источна Европа, па и на Балканот и се изведени од зборот „поп“, односно свештеник, додека во Франција, Португалија, Италија, Велика Британија и Русија од зборот „ковач“.

Така на пример, според неговите проценки, најчесто презиме во Србија е Поповиќ, во Русија Кузнецов, а во Велика Британија Смит.

Сјур направил интересна мапа која ја прикажува распространетоста на презимињата кои се изведени од професијата.

На неа се гледа дека во земјите на северот од Европа доминираат презимиња кои упатуваат на „млинари“ – Мулер и Милер.

Во Централна и Источна Европа се сретнуваат оние презимиња кои се однесуваат на „властодршци“ – Дворжак и Хубер, додека Ирска има многу „морски војници“, бидејќи доминатно презиме е Марфи.