Магазин

Ова се најнездравите занимања во светот

Ова се најнездравите занимања во светот

Некои раотни позиции со себе носат далеку поголем здравствен ризик за разлика од останатите.

Да речеме, болничарката има многу поголеми шанси да добие некоја болест од правникот кој работи во канцеларија. Американскиот сајт „О Нет“ направи ранг лист на најнездрави занимања, а овие се најдоа во топ 10.

Хирург и хируршки техничар 57.3

Хирурзите и сите оние кои се наоѓаат во операционата сала учествуваат во процедурата на извршување операции и изведување лабораториски тестирања.

 

Стационарен инженер 57.7

Овие инженери се занимаваат со управување или одржување на стационарни мотори, котли и друга механичка опрема за да ги снабдат со комунални услуги зградите или индустриките погони

Управувачи во хидроелктрани или погони за отпадни води 58.2

Тие го управуваат или онтролираат целиот процес или систем на машини обично преку контролни табли за да ја пренесат и третираат водата или отпадните води.

Хистопатолог 59.0

Хистопатологот го подготвува ткивото за микроскопска дијагноза и хистопатолошки испитувања.

Цариник 59.3

Нивното здравје е во опасност бидејќи тие постојано испитуваат и проверуваат луѓе, багаж и предмети кои доаѓаат или заминуваат на аеродромот или граничниот премин.

Ортопед 60.2

Ортопедите, чија работа е дијагностика и третирање на заболувања и деформитети на стапалата исто така се најдоа на топ 10 листата на најнездрави занимања.

Ветеринар и ветеринарски техничар 60.3

Ветеринарите се во групата на „опасни“ занимања со оглед на тоа дека нивна работа е да дијагностицираат и третираат болести и повреди кај животни и да изведуваат медицински тестирања во лабораториски услови.

Анестезиолог 62.3

Нивното занимање исто така се најде на оваа листа. Анестезиолозите им даваат на пациентите анестетици и седативи за време на медицинската процедува и им помагаат на пациентите при будењето по зафатот.

Екипаж на авион 62.3

Тие им пружаат на патниците услуги за да се чувствуваат сигурно, безбедно и удобно. Тие се поздравуваат со патниците, ги проверуваат артите, ја објаснуваат безбедносната опрема, ги сервираат храната и пијалоците.

Стоматолози и забни техничари 65.4

Стоматолозите и забните техничари прегледуваат, дијагностицираат и третираат заболувања, повреди и деформитети на забите и вилицата.