Магазин

Ова се најсреќните земји во светот

Ова се најсреќните земји во светот

Земјите од Латинска Америка се најсреќни во светот – десет од единаесет „најпозитивни земји“ доаѓаат од тој регион, додека земјите во југоисточна Европа се наоѓаат подолу на скалата со која се мери среќата.

Угледната светска агенција Галуп спровела анкета во која била испитани илјада лица во 138 земји, притоа барајќи од испитаниците да кажат дали претходниот ден искусиле различна позитивна емоција, дали почуствувале задоволство, дали се насмеале, дали добро се одмориле или дали правеле нешто интересно.

Трета година по ред на прво место се наоѓа Парагвај со индекс на среќа 87, а на последно место се наоѓа Сирија со индекс на среќа 36.

Меѓу првите пет најсреќни земји се и Панама, Гватемала, Никарагва и Еквадор, а единствена земја меѓу првите десет која не е во Латинска Америка е Данска, која се наоѓа на осмото место.