Ова се намирници кои го подобруваат расположението

Намирниците кои ги внесуваме можат многу да влијаат на нашата енергија. Во мозокот се случуваат сложени хемиски процес кои на недостиг на некои супстанции реагираат со нерасположение. Овие намирници ќе го подобрат вашето расположение и ќе ве направат поздрави.

Црна чоколада

Црната чоколада ќе ја подобри вашата енергија и ќе го подобри протокот на крвта и вашиот фокус. Се советува изборотда биде црна чоколада, не млечна.

Аспарагусаспарагус

Основната супстанција во нашиот мозок која прави да се чувствуваме добро се наоѓа во аспарагусот. Оваа супстанца во голема мерка се соддржи во месото од мисирка.

Школки

Тие дефинитивно ќе ви го поправат денот. Полни се со протеини, а не се масни и калорични. Поседуваат витамини Б12 кои ги хранат клетките на мозокот.

Шери домати

Доматите се богати антиоксиданси кои спречуваат одредени мозочни воспалувања и депресија, а исто така прават детоксикација на организмот.

Блитваблитва

Таа е исклучително богата со магнезиум и хранливи материи, што значи дека е сериозен регулатор на расположението.

Говедско месо

Многу е важно потеклото на месото да биде од животно кое е природно и здраво хрането со трева. Тревата не содржи масти, но затоа содржи хранливи омега 3 масни киселини. Овие супстанции ги намалуваат хормоните на стресот и може да имаат позитивен ефект кога ќе дојде до топење намастите кои се задржуваат на стомакот. Овде важна улога има железото кое го поправа расположението и меморијата.

Грчки јогурт

Јогуртот е коктел од протеини и калциум кој помага пр варењето. Доколку не внесувате доволно калциум можеда чувствувате нервоза и депресија. Ако се одлучите на грчки јогурт, ќе добиете поголема порција од протеини.

Мед

Често слушате дека шеќерот и рфинираниот шеќер не се добри за вас. Медот навистиа може да понуди повеќе од шеќер. Тој ги намалува воспаленијата и депресијата. Медот е сржта на енергијата.

Јајца

Се’ повеќе се зборува за добриот холестерол кој се наоѓа во јајцата. Тие содржат многу корисни супстанции како што се витамин Д, јодид, омега 3 масни киселини, цинк и уште многу друго што ќе ви го поправи денот.