вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 62

Ова се новите најпопуларни имиња за деца

bebe

Поврзани вести

Некои бебиња добиваат име додека уште се во стомакот на мајката, а некои немаат име и месец дена по раѓањето. Сепак, иако родителите се трудат да бидат креативни и да изберат достојно име за своето дете, некако секогаш се случува одредено име да биде најпопуларно во годината.

Како што пишуваат српските медиуми, минатата година во Белград најпопуларно машко име било Лука, а најмногу девојчиња го добиле името Дуња.

Оваа година најпопуларно женско име општо во светот е Софија, па така и во Србија. Сега првите пет најпопуларни женски имиња кај нашиот северен сосед се Софија, Дуња, Лена, Маша и Сара.

Сепак со оглед на тоа дека до крајот на годината има само уште неколку дена битката е неизвесна, затоа што досега се регистрирани 304 бебиња со името Софија и 300 со името Дуња.

Пресврт има и на топ листата на машки имиња. Името Лука е на втората позиција, а на прво место се најде Стефан. По нив следат Лазар, Филип и Вук, а зад нив Андреј, Павле, Алекса, Никола и Петар.

Најчитани вести