Ова се основните три фактори кои ја дефинираат среќата

Истражувачите од австралискиот Универзитет Дикин утврдиле дека за потполно чувство на среќа потребно е да бидат исполнети три услови кои ги нарекле „златен триаголник на среќата“.

Овие три фактои кои ја дефинираат среќата се добрите меѓучовечки односи, стабилната финансиска ситуација и поседувањето животна цел.

До овој заклучок истражувачите дошле врз основа на студија која е спроведена во период од 15 години, а во која учествувале над 60 илјади луѓе.

Роберт Каминд, еден од авторите на студијата истакнува дека односите кои ги имаме со другите луѓе се од пресудно значење.

-И личностите со ниски примања можат да остварат задоволително ниво на среќа доколку развиле позитивни општествени контакти и ако имаат одредена цел во животот.

Тие односи не мора задолжително да бидат од романтична природа, но потребно е да подазбираат поддршка и интимност, вели тој.

-Неопходно е да имате некој со кој можете да ги споделите своите мисли, тајни,надежи , соништа и стравови. Животните тешкотии прво ќе ги срушат оние на кои им недостига тој вид на потпора, заклучува австралискиот научник.

Каминс тврди дека парите играат значајна улога во среќата на поединецот, бидејќи му овозможуваат да се ослободи од стресот.

Сепак, за човекот да го достигне степенот на задоволство и среќа потребно му е работата да му пружа повеќе од финансиска сигурност.

Она што ги изненадило истражувачите е фактот дека испитаниците ретко ја поврзувале среќата со здравјето.

-Задоволството со сопственото здравје опаѓа како што старееме, но среќата, генерално, се повеќе расте со текот на годините, вели Каминс.