Ова се потенцијалните мети на исламистите

Британското министерство за надворешни работи на својот сајт и објави земјите кои се можни потенцијалнии мети на тарористите, пренесува британски „Телеграф“.

Наведени се преку 30 земји во светот кои имаат реална опсност од терористички напади.

На врвот на листата како потенцијални мети се Либија, Шпанија, Турција, Пакистан и Сомалија. Безбедносната проценка е поделена во четири категории и се движат од ниска (ниво 1), основна (ниво 2), општа (ниво 3) до висока закана (ниво 4).

Египет, каде што минатиот месец се урна патничиот авион, за кој се докажа дека е терористички акт од ИД, исто така е означена како земја од висок ризик.

Држави кои најмногу стравуваат од напади се оние кои се вклучени во борбата против калифатот во Сирија и во Ирак.

Поранешниот шеф на британската тајна служба, Џон Соверс, за „Фајненшел Тајмс“ вели дека следниот напад веројатно нема да биде повторно во Франција и дека Германија може да биде многу ранлива.

„Најдобра опција за Исламсата држава е конфликт кој би се претстваил како борба на муслиманите против неверниците, кои и да се тие, Американци, Руси или Европјани“, нагласува Соверс.

Сите бомбашки напади кои се случија претходно во Анкара, Бејрут, Синај се во директна врска со ИД. Сите овие случувања се увертира за тоа што следуваше во петокот, каде што се убиени 129 лица и стотици се повредени во седум синхронизирани терористички напади.