Ова се независните кандидати во трката за градоначалници

Иминатиот период во медиуите имаше разни шпекулации со имиња на кандидати за градоначалници за локалните избори во октомври. Во најголем дел, позициите се веќе познати, што се однесува до политичките кандидати. Но, изненадувачки е тоа што за една од поважните скопски општини, ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, не го официјализираа својот кандидат.

Но, веќе е познато дека како независен во трката за освојување на Центар ќе настапи актуелниот градоначалник, Андреј Жерновски.  Имено, тој ги собрал законски потребните потписи за независна кандидатура, што според Изборниот законик, потребни му се најмалку 250 потписи од запишаните избирачи во општинскиот избирачки список.

Ова е списокот на независни кандидати за градоначалници на претстојните локални избори:

Битола: Киро Ташков и Јорго Огненовски

Брвеница: Енвер Пајазити

Валандово: Стојан Манолев

Вевчани: Господин Попоски

Гази Баба: Тони Ѓуровски

Градско: Глугур Коцев

Дебарца: Јадранка Бибан

Дојран: Тони Ајцев

Зрновци: Методи Николов

Кавадарци: Борис Давидов

Карпош: Владимир Кофчегарски

Куманово: Марјанчо Анделовски

Македонси Брод: Жарко Златески

Могила: Стево Пивковски

Неготино: Ѓорѓи Ајтов

Новаци: Пецо Мицевски

Охрид: Горан Китевски и Стевче Стевовски

Петровец: Звонко Цветковски

Пробиштип: Горан Стоилковски

Радовиш: Јуре Ѓорѓиев

Ранковце: Ивица Тошевски

Струга: Насто Палиоски

Центар: Андреј Жерновски

Чучер Сандево: Ацо Поповски и Јован Пејковски

Независните кандидати имаат рок до понеделник да поднесат потписи за кандидатура.

Според изборниот законк кога подносител на листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, е потребно да се соберат:

-во општината до 10.000 жители најмалку 100 потписи од запишаните избирачи во изводот од
Избирачкиот список за општината

-во општината од 10.001 до 30.000 жители најмалку 150 потписи од запишаните избирачи во
изводот од Избирачкиот список за општината

-во општината од 30.001 до 50.000 жители најмалку 250 потписи од запишаните избирачи во
изводот од Избирачкиот список за општината

-во општината од 50.001 до 100.000 жители најмалку 350 потписи од запишаните избирачи во
изводот од Избирачкиот список за општината,

-во општината над 100.001 жители најмалку 450 потписи од запишаните избирачи во изводот од
Избирачкиот список за општината и

-во Градот Скопје најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот
список на подрачјето на градот Скопје

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.