Ова се трите диви кои ќе ја добијат „Златната бубамара“ за животно дело

Верица Ристевска, Зорица Поп Панкова и Даниела Панчетовиќ ќе ја добијат „Златна бубамара на популарноста“ за животно дело.

Наградата им се доделува за нивниот придонес и траги во македонската забавна музика.

Овој убав и свечен миг ќе не однесе во носталгичен музички времеплов од среќните и безгрижни 70 ти години кога трите диви и заедно и со соло  кариера ги пееа големите хитови на македонската забавна музика… „Диско пар има еден“ ,  „Галеб тажен“ , „Ми подаваш рака“ , „Ти си песна што ќе трае“ итн .

Македонија ја има Најпрестижната награда во регионот и најзабавното шоу кое се памети и прераскжува со години.

Оваа година„ Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи со препораката за вистинскиот лек : „Насмевка и здрава храна , затоа да ги следиме препораките и да не мрсиме многу, многу“ . Осумаесетотото издание ќе се оддржи под мотото „Смеете да се смеете“.

фото: Утрински

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.