Ова се трите најљубоморни хороскопски знаци!

Скорпија

Ова е пример на екстремни љубоморни сцени. И не само дека станува збор за љубомора која создава неподносливо печење во желудникот, тука е вклучена и игра на страст  и возбуда. Љубомората на Скорпија понекогаш, го признале ли тоа тие или не, им доаѓа како афродизијак. Тие се во состојба да направат сцена, како што ниту Тарантино не би можел да го смисли во свое сценарио.

Бик

Во овој случај станува збор за коктел од посесивност со примеси на љубомора. Зарем ова не е исто, може да се запрашате. Не,е. Бикот сака да ги присвојува нештата, но и луѓето и воопшто не го интересира конкуренцијата. Она што е негово, е само негово,  нема делење, нема флертување.

Лав

Премногу горди со многу изразено его, Левот води сметка да не биде измамен, понекогаш малку опсесивно. Доколку нешто почувствува дека му се случува зад грб, пред се не би можел себеси да си прости. Сето ова го доведува во прашање неговиот углед и чест. Понекогаш знае да реагира многу енергично и нетактично.