Магазин

Ова се трите најперверзни жени во хороскопот

Ова се трите најперверзни жени во хороскопот

Тие се толку безобразни што и машките претставници на истите знаци не им се ниту до колена:

Овен

Освен ако по некое чудо партнерот не успее да го следи нивниот луд ритам,  тие ретко остануваат сексуално верни. Без разлика на тоа колку и да ве сака, во нејзиното срце секогаш има љубов за некој друг маж „настрана“.

Од една страна таа воопшто неможе да функционира кога не е вљубена, а од друга – секој љубовник брзо ќе и здодее. Таа љуби страсно како секој ден да и’ е последен . Тоа е воедно и нејзиното животно мото.

Жената овен е машка жена. Таа е роден ловец. Флертот и заведувањето се она во што се најдобри. Тоа често и’ е нешто како хоби. Кога мажот лесно ќе падне пред неа, таа едноставно ќе го прегази и ќе оди понатаму во потрага по нов предизвик, само затоа што таа во душата е голем авантурист…

Близнаци

За неа секси авантурата е како животен зачин. Неверојатно е со која леснотија оваа жена може скока од маж на маж, без да се замори. Претпладне се препушта на дивите страсти со мистериозен странец, а попладне е топло раме и утеха за нејзиниот сопруг. И во сето тоа се предава… па речиси во целост.

Таа има најмалку две лица и две души, па зошто не би имала и двајца фраери? … Или повеќе. Еден за груба игра, друг за нежно водење љубов, трет за да разговара со него, четврт да мисли дека ја има најприбраната жена на светот… И така со ред. И сите се среќни.

Никој никогаш не дознал колку љубовници има жената Близнак и веројатно никогаш и нема да дознае.

Риби

Оваа жена е вистинска робинка на љубовта. За неа сексот е повеќе од физичкото искуство. За неа тоа е еден вид медитација и екстаза… Се во едно. Таа на мажот секогаш му го дава целото срце и секој дел од телото. Кај неа нема забранети зони, се што и’ е пред очите може да се проба.

Сепак, нејзиното срце е превртливо и за еден миг, како што се запалила, така знае и целосно да се олади. Тогаш веќе со аголот на окото ја мерка следната прилика и трча кон него како тоа да и’ е прв пат и како пред него никогаш и да не сакала некого.

Таа не знае што е тоа граѓански морал и не ги разбира сексуалните ограничувања што општеството и’ ги поставува. Од сите блудници во хороскопот, жената во знакот Риби е најискрена во нејзината грешност. Таа во душата е љубопитно дете,  а во телото блудна божица на сладострастието. Затоа не ги разбира сите тие забрани. Затоа сите нејзини врски се секогаш длабоко страсни, комплицирани, но и неверојатно искрени.