Свет

ФОТО: Ова се убиените француски карикатуристи

ФОТО: Ова се убиените француски карикатуристи

Француските медиуми јавуваат дека меѓу убиените се новинари и четири карикатуристи меѓу кои и оној што ја направи картикатурата на Мухамед. Убиен е и уредникот Стефан Шарбоније Шарб, како и двајца полицајци.

Меѓу убиените се Жан Кабо Кабу (67), Жорѓ Волински (80), Бернард Верлак Тигону (58) и Бернард Мари.

Станува збор за најдобрите карикатуристи во Фрнакција, познати по долгогодишната предаденост во изнесувањето на општествените проблеми кои што често биле таби тема во француското општество. Мошне често со нивните цртежи тие предизвикувале гласни реакции и судски тужби.

Главниот уредник и карикатурист во списанието Стефан Шарбоније, познат под прекарот Шарб го уредувал весникот од 2012 година.

sharbonije

Шарбоније е роден на 21 ви август 1967 година. Бил познат карикатурист. Во списанието „Шарли ебдо“ станал уредник во 2009 та година, а неговата работа е обележена со контраверзни и провокативни карикатури.

-Ако почнеме да поставуваме прашања дали имаме право или не, во карикатурите да го цртаме Мухамед, дали тоа од овие или оние причини е опасно или не, ќе се постави прашањето дали можеме во списанието воопшто да се занимаваме со муслиманите, а потоа и со човечките битија и ќе завршиме така што нема да пишуваме за никого, а малиот број екстремисти ќе победат и во светот и во Фрнација, изјави тој пред една година.

Жорж Волински е роден на 28-ми април 1934 година во Тунис, а бил француски карикатурист и автор на комични текстови.

FILE FRANCE CHARLIE HEBDO ATTACK

Неговиот татко бил од еврејско и полско потекло, а мајка му од италијанско и француско. Во младоста почнал да студира архитектура, но од тоа отстапил и одлучил да и се посвети на карикатурата уште во 1960 година.

 

Убиениот Жан Кабо, попознат под прекарот Кабу, е роден во 1938 година и слично како и неговите убиени колеги професионалниот живот го посветил на стрипот и карикатурата.

Голем број од неговите дела привлекле внимание и предизвикале брујни реакции во јавноста, но најмногу беше на удар од критиката откако во 2006 та година неговата карикатура беше објавена на насловната страна на нападнатото списание.

Бернард Мари е роден на 23-ти јули 1956 година. Тој беше угледен француски економист, писател и новинар.

FILE FRANCE CHARLIE HEBDO ATTACK

Дипломирал на францускиот Универзитет Sciences Po Toulouse во 1968 година.

Потоа докторирал на Универзитетот во Тулуз во 1975 година. 

Тој до вчера изутрината беше професор на Институтот за Европски и глобализациски студии, а предаваше и микроекономија на Универзитетот во Ајова во САД. 

Како новинар се истакнал со својата работа во француските списанија Мериен, Ле Новел Обзерватер, Ле Фигаро, Ле Монде, но и во Шарли ебдо, каде до 2008 ма година бил заменик уредник.

 

Бернар Верлак е роден во 1957 година и бил француски карикатурист.

Печатот го привлекол уште во 1980-тите а оттогаш објавил повеќе трудови, кои во главно биле цртежи и карикатури.

Освен што соработувал со списанието „Шарли ебдо“, тој бил активен и во другите списанија како што се Мериен, Флуид Глацијал и други.

FILE FRANCE CHARLIE HEBDO ATTACK