Ова се убиените мајка и син во Козле

„Јави ми се итно на другиот телефон“- вака гласела псоледната смс порака која стасала на телефонот на убиената Ѓулчин Ерчобан. Испраќачот бил од Турција. Полицијата дел по дел го сложува мозаикот за двојното убиство на мајка и син во Козле. Но случајот крие многу мистерии, пишува Сител.

Прво била убиена мајката па синот

На долниот спрат од куќата на домаќините кои им биле сватови на убиените сите светилки биле одвртени. Убиецот најверојатно сакал да добие време доколку некој се симне на местото на злосторот но во игра е и поинакво сценарио. Убиениот син бил излезен со својата сопруга до 1:30 по полноќ па можно е најпрво да била застрелана мајката, да биле одвртени светилките, а потоа во мракот по влегувањето во куќата да бил застрелан и синот.

52 годишната жена била застрелана додека лежела во креветот. 29 годишниот Самет Селџук пак бил убиен покрај креветот додека се соблекувал.

Двајцата биле убиени од исто оружје па истрагата води кон тоа дека се работи за само еден извршител.

Бело брашно по убиството

Откако биле убиени, посипани биле со бело брашно, но нејасно е каква порака или ритуал сакал да демонстрира убиецот.

Полицијата според неофицијалните информации верува дека се работи за професионалец. Начинот на кој е извршено делото упатува на тоа дека вешто ги криел трагите, а најверојатно и добро го познавал просторот и околностите.

Засега нема осомничени но на полиграф биле тестирани сите членови на семејството на сватовите.

Се истражува улогата и на уште едно лице, братучед на убиениот Самет кој на 20ти јули допатувал заедно со мајкста и синот во Макеоднија но на 27ми итно побарал такси до скопскиот аеродром и заминал.

Проверки прави и турската полиција. Убиените живееле удобен живот но непознато е што точно работеле.

Двете безживотни тела беа пронајдени во вторникот рано изутрина.

 

 

Околу двојното убиство во кое беа убиени мајка и син во Козле прочитајте ОВДЕ. Мајката и синот биле турски државјани, а во Македонија за време на убиството престојувале во куќата на сватовите.