Ова се водечките вести во САД во 2014 година

Убиствата на невооружени афро-американци од полицајци, истрагите за тие инциденти и протестите се водечките вести за 2014 година во САД, покажало истражување спроведено од новинската агенција „Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.

Истражувањето опфатило 85 медиуми, а биле анкетирани главните уредници и директорите на водечките американски печатени и електронски медиуми.

Втора по значење вест, според анкетираните американски медиуми, е епидемијата на ебола во западна Африка, додека треторангирани се вестите за бруталноста на радикалната исламистичка група „Исламска држава“ во Ирак и во Сирија.

85-те анкетирани медиуми во САД рангирале на прво место 15 различни случувања, па така полициските убиства на афро-американците добиле 22 први места, епидемијата на ебола – 11, а „Исламска држава“ – 12.

uspolicija

Сепак, гласањето било направено пред објавување на информацијата за нормализирање на дипломатските односи меѓу САД и Куба и пред одлуката на „Сони пикчерс“ да го повлече својот филм „Интервју“, по серијата компјутерски напади и закани. На четврто место рангирани се вестите за предвремените избори за американскиот Конгрес, а на петто се континуираните критики на републиканците до здравствените рефроми популарно наречени „Обамакер“.

Понатака следат исчезнувањето на малезискиот патнички авион на линијата Куала Лумпур – Пекинг, кое се случи на 8 март, мерките на Обама во поддршка на илегалците во САД, па конфликтот во Украина, потоа зголелемната поддршка за еднополовите бракови, кои вече се легализирани во 35 американски држави, и на крајот е скандалот со неправилности во работата на министерството за ветераните.