Ова се земјите со најбројна војска во светот

Светот во моментов располага со најбројна војска од било кога во историјата, а голем број земји се повеќе ги зголемуваат сопствените борбени сили. Еве кои се земјите со најбројна војска во светот.

  1. Виетнам – 482.000 активни војници

Со оглед на тоа што мажите што се на возраст од 18 до 25 години имаат задолжителен воен рок од година и половина, војската на Виетнам е за 4,5 пати помала од најголемата војска во светот.

  1. Турција – 510.600 активни војници

Турција е втората по големина членка на НАТО и во моментов има повеќе од 510.000 има во армија. Земјата поседува околу 90 Б61 нуклеарни бомби во воздушната база Инџирлик, но за нивна употреба потребна е согласност од НАТО.

  1. Иран – 534.000 активна војска

Според извештаите Иран има развиено самоубиствени дронови како дел од сопственото воено опремивање, за кои што се смета дека се за 14 отсто поевтини од ракетите за бродови. Иранската војска е на осмото место со 534.000 активни војници.

  1. Јужна Кореја – 630.000 активна војска

Следна на картата на светски велесили е Јужна Кореја чија што армија брои 630.000 лица. Поради постојаната закана за војна помеѓу Пјонгјанг и Сеул и двете нации постојано се вооружуваат и покрај малиот број на нивната популација.

  1. Пакистан – 630.400 активна војска

Пакистан три пати влегол во војна со Индија од 1960-тата година. Но и покрај тоа што има 630.000 активни војници, често ги вклучува во мировните акции во светот.

  1. Русија – 768.500 активни војници

Територијата на Русија е чувана од повеќе од 765.000 тренирани војници. Земјата има повеќе нуклеарно оружје од било која друга земја во светот.

  1. Северна Кореја – 1.190.000 активни војници

Заедно со резервниот персонал, речиси 4 од 10 лица во Северна Кореја се вклучени во армијата на земјата.

Земјата е во техничка состојба на војна со Јужна Кореја и покрај тоа што беше потпишан договор по тригодишниот конфликт од 1950 – 1953-тата.

  1. Индија – 1.325.000 активни војници

Индија има војска која вклучува 1, 3 милиони лица. Нацијата во развој можеби има недостаток на вообичаена сила во погорните слоеви, но има мошне голем број на резервна армија од мажи и жени кои може да се вклучат доколку за тоа има потреба.

  1. САД – 1.431.000 активна војска

САД е на второто место со активна војска од 1, 4 милиони лица. САД поседува речиси двојно повеќе носачи на авиони од сите земји во светот заедно.

  1. Кина – 2.285.000 активна војска

На прво место е Кина со неверојатни 2.333.000 активни војници. Сепак во оваа бројка влегуваат и големиот број на резервни војници што може да бидат вклучени доколку има потреба за тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.