Со оваа диета Ким ослабе 20 килограми

Старлетата Ким Кардашиан во втората бременост се поправи за цели 30 килограми.

Гледам во другите ѕвезди и обичните девојки на Инстаграм како стануваат витки речиси веднаш по породувањето. Како е возможно тоа? , прашуваше Ким на нејзиниот сајт.

Вишокот килограми мошне и’ пречел па одлучила себе си да се натера на одрекување од одредена храна и да постигне одлични резултати. Таа за 3, 5 месеци успеа да ослаби 20 килограми.

Планот на исхраната го одредила нутриционистката Колет Хеимовиц.

За да се врати на посакуваната тежина било неопходно да се ослободи од 12 килограми. Затоа Колет и ја препорачала диетата Аткинс, што Ким ја користела и по првата бременост. Суштината на исхраната е во острото намалување на количините на јаглен хидрати и на внесувањето протеини.

Според нутриционистката, на Ким и’ било најтешко да се откаже од шеќерите.

Сега Ким има разновидна исхрана и дозволен и’ е голем асортиман на продукти – риба, пилешко, јајца, месо, зеленчук, овошје со низок гликемиски индекс, здрави масти, ореви и авокадо. Комбинацијата од високото количество влакна, оптималната количина протеини и малите количини масти и помагаат да го избегне чувството на глад и затоа ослабе дополнителни 8 килограми, открива Хеимовиц.

Единствен проблем е нејзиниот огромен задник, кој сега изгледа целосно несразмерно во однос на нозете, но тоа веќе е личен избор на познатата старлета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.