Оваа година ќе биде година на авиобизнисот

2016-та ќе биде година на авиобизнисот во земјава. Од „Александар Велики“ се воведуваат уште четири нови конекции. Од март ќе се лета кон Копенхаген, Братислава и Берлин, а од мај со „Чех ерлајнс“ и до Прага. Ова ќе значи враќање на „Чех ерлајнс“ во земјава, бидејќи од Скопје до Прага се леташе од 17 мај 2005 година до 17 март 2012 година, а операциите беа прекинати поради преструктуирање на компанијата, пишува Лидер.

„Чех ерлајнс“ се враќа на своите дестинации на Балканот

Многу сум среќен што „Чех ерлајнс“, еден од најстарите авиопревозници во светот, наскоро ќе се врати кон своите дестинации на Балканот. Ние го сметаме овој регион за многу перспективен, благодарение на фактот што овие земји се на патот кон ЕУ. Постојат многу деловни операции меѓу Македонија и Република Чешка. Токму во овој регион гледаме потенцијал за редовен воздушен сообраќај. Исто така, убедени сме дека редовната директна врска ќе биде привлечна за туристите од двете земји, вели директорот за комерција и за маркетинг во „Чех ерлајнс“, Јан Тот.

Со новите линии од скопскиот аеродром ќе се оперира до вкупно 34 дестинации. Ова, пак, претставува здрава основа да се урне ланскиот рекорд од 1,5 милион превезени патници, кога во однос на претходната година имаше раст од над 21% во однос на бројот на патници и од 10% во однос на бројот на операции.

Со стратегијата на Владата на Република Македонија и со политиките на тимот на ТАВ успеавме да привлечеме голем број летови до атрактивни дестинации, особено од нискобуџетните авиокомпании. Ние со позицијата на скопскиот аеродром имаме можност да ги опслужуваме и патниците од регионот. Се ослужуваат патници од Косово, Јужна Србија, се цели и на патниците од Грција, Бугарија и од Албанија, вели првиот човек на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.

Кои се топ дестинациите од „Александар Велики“?

Статистиката на ТАВ Македонија покажува дека најфрекфентни дестинации се Истанбул (околу 15% пазарен удел во вкупниот сообраќај), Цирих, Виена, Малме, Базел и Лондон. Сепак, сè повеќе се зголемува интересот и за новите дестинации кои се воведоа, шест од Скопје: до Женева, Фридрихшафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нирнбег, како и две од Охрид: до Лондон и до Базел.

Меѓу првите дестинации се Истанбул, Малме, Базел, Цирих, исто така многу атрактивна дестинација е Барселона, пред сè како резултат на евтините билети. Многу користена е и интерконтиненталната линија кон Дубаи, вели Крстевски.

Најголем удел во превозот на патници има унгарската „Виз ер“, па следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустријан ерлајнс“, „Пегасус ерлајнс“, „Ер Србија“ и „Еделвејс“.

Од унгарската „Виз ер“ велат дека 2015-та била рекордна година. Од скопскиот и од охридскиот аеродром имаат вкупно 25 рути кон 23 дестинации. Лани со овој авиопревозник биле превезени 794,946 патници, што претставува раст од 37 проценти во однос на претходната година.

До каде се лета од „Александар Велики“?

Се зголемува…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.