Оваа храна го намалува ризикот од рак на дојка

За медитеранската исхрана се смета дека го штити срцето, го спречува развојот на Алцхајмерова болест, ја намалува депресијата, а научниците порачуваат дека е корисна и за спречување на развојот на рак на дојка.

Медитеранската исхрана се состои од свежо овошје и зеленчук, а тука се житарките, немасното месо, риба и морски плодови, млеко и производи од млеко, јаткасти плодови, како и маслиново масло.

Резултатите на најновите студии покажале дека исхраната богата со маслиново масло е поврзана со намалениот ризик од развојот на рак на дојка.

Иако научниците не можат да потврдат дали се работи само за последиците од медитеранската диета или сето тоа е поради внесот на маслиновото масло во организмот, лидерот на студиите, лекарот Мигел Мартинез – Гонзалес од Универзитетот Наваро вели:

-Резултатите од оваа студија ја потврдуваат добробитта на медитеранската исхрана пропратена со маслиново масло во превенцијата од ракот на дојка, рекол тој и додал дека сепак е потребно да се направат уште испитувања. Тој истакнал дека медитеранската исхрана која се базира на билки, риба и маслиново масло, во голем процент помага во намалувањето на ризикот за настанување на кардиоваскуларни болести.