Магазин

Оваа храна го намалува ризикот од рак на дојка

Оваа храна го намалува ризикот од рак на дојка

За медитеранската исхрана се смета дека го штити срцето, го спречува развојот на Алцхајмерова болест, ја намалува депресијата, а научниците порачуваат дека е корисна и за спречување на развојот на рак на дојка.

Медитеранската исхрана се состои од свежо овошје и зеленчук, а тука се житарките, немасното месо, риба и морски плодови, млеко и производи од млеко, јаткасти плодови, како и маслиново масло.

Резултатите на најновите студии покажале дека исхраната богата со маслиново масло е поврзана со намалениот ризик од развојот на рак на дојка.

Иако научниците не можат да потврдат дали се работи само за последиците од медитеранската диета или сето тоа е поради внесот на маслиновото масло во организмот, лидерот на студиите, лекарот Мигел Мартинез – Гонзалес од Универзитетот Наваро вели:

-Резултатите од оваа студија ја потврдуваат добробитта на медитеранската исхрана пропратена со маслиново масло во превенцијата од ракот на дојка, рекол тој и додал дека сепак е потребно да се направат уште испитувања. Тој истакнал дека медитеранската исхрана која се базира на билки, риба и маслиново масло, во голем процент помага во намалувањето на ризикот за настанување на кардиоваскуларни болести.