Оваа сабота е Бела ноќ!

Десеттото јубилејно издание на Белата ноќ ќе го имаме оваа сабота во Даут Пашиниот Амам во 20 часот со големата  ретроспективна изложба на култниот Василие Поповиќ – Цицо.

Како и во изминатите девет, официјалната нота на Белата Ноќ ќе ја даде Градоначалниот на Град Скопје, Коце Трајановски.

За ликот и делото на Василие Поповиќ – Цицо, говор ќе одржи режисерот Љубиша Георгиевски. По овој историски миг, десеттата Бела Ноќ, започнува!

Десетици изложби, уметнички перформанси, музички концерти, поетски читања, филмови, мода, ширум отворени врати на Јавните и Национални установи за граѓаните на Скопје и Македонија, конзументите на уметноста, уметниците.