Оваа тајна го чинеше Чарли Шин седум милиони долари

Во последното интервју акерот Чарли Шин окри дека потрошил седум милиони долари за да скрие дека има ХИВ.

Шин признава дека откако открил дека му е дијагностициран ХИВ животот му се променил и дека свртел „друга страница“ во живото.

Признавам дека правев лоши работи и сега се обидувам најдобро што можам да се искупам за се, вели Шин.

Како што пренесува „Дејли Меил“ под ова мислел и на сумата од 20.000 долари што ја нудел за убиството на поранешната вереница.

Актерот во инервјуто објасни дека сакал да скрие дека има ХИВ и дека оваа тајна го чинела седум милиони долари. Тој на сите што го уценувале им давал пари. По јавното признание тој разбеснел голем број жени со кои спиел затоа што не им кажал дека има ХИВ, но тој и понатаму се брани дека никого не заразил.